Уапсен е познат скопски криминалец, кој во последниот месец извршил две разбојништва во клубот за игри на среќа „Мастер бет“ во скопската населба Влае.
„Прес 24“ јави дека станува збор за 34-годишниот Александар Ангелов, познат како Гринго, кој во двете разбојништва успеал да собере речиси 8.000 евра.
Тој, маскиран со капа преку главата и со пиштол во рацете, влегувал во казиното и од вработените барал да му ги дадат парите.
Полицијата го привела откако во вториот грабеж направил грешка и прерано ја извадил капата и ја ставил в џеб, при што го виделе случајни минувачи кои во тоа време се движеле со својот автомобил. Тие веднаш го препознале, а полицијата го привела.
На полицијата ѝ е добропознато името на Ангелов. Во неговото дебело полициско досие стојат 22 кривични пријави, од кои 17 се однесуваат на дела кои се проследени со насилство.
МВР соопшти дека СВР-Скопје, со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје, го предаде лицето А.А. познат како Гринго (34) од Скопје, поради постоење основано сомневање дека двапати, прво на 29 минатиот месец, а потоа и на 11 овој месец, извршил две разбојништва во клуб за игри на среќа стекнувајќи се со протиправна имотна корист од околу 472.360 денари. За сторените две кривични дела – разбојништво, истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
А.А. е познат сторител на имотни деликти и деликти проследени со насилство, за што досега му се поднесени 22 кривични пријава, од кои 17 се однесуваат на дела проследени со насилство. За сторените кривични дела, пријавениот само еднаш, во 2008 година, е условно осуден за сторено кривично дело – тешка телесна повреда.
Инаку, во двете разбојништва, и двете извршени во раните утрински часови во клубот за игри на среќа „Мастер бет“ лоциран на булевар Партизански одреди во скопско Влае, пријавениот влегол маскиран и под закана на огнено оружје-пиштол, од вработените одзел вкупно 472.360 денари.
Покрај преземените оперативно тактички мерки за утврдување на иденитетот на А.А., придонеле и сигурносните камери, како и грешката која ја пријавениот при второто разбојништво кога во непосредна близина на местото каде што го извршил разбојништвото, поточно пред пицеријата „Нерези“ ја симнал фантомката од глава и се обидувал да ја сокрие во џеб, при што бил збаележан од случајни минувачи во моторно возило. Од страна на сведоците што биле во моторното возило, извршено е препознавање на лица по фотографии и непосредно класично препознавање на лица, при што тие со сигурност го препознале пријавениот
Исто така, и од вработените во клубот за игри на среќа „Мастер бет“ е извршено препознавање на лица по фотографии и непосредно класично препознавање на лица, при што тие со сигурност го препознале пријавениот А.А. како лице, кое под закана на огнено оружје од работните пултови каде тие биле на должност одзел поголема сума пари. Предметниот матријал од извршената истрага на местото на настанот, како и поголема количина муниција за огнено оружје различен калибар, пронајдена од претерсот на деловните простории на А.А. се предадени за понатамаошна обраотка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Разбојник украл 10.000 евра, па додека бегал повредил случајна минувачка
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ



