| четврток, 6 декември 2018 |

Диме Спасов поднел кривична пријава до напаѓачите

Во целиот случај МВР под раководство на Спасовски има направено сериозни пропусти и овој случај беше злоупотребен од страна на СДСМ, водејќи валкана и приземна политичка кампања против Спасов

Диме Спасов, заменик министерот за труд и социјална политика поднел кривична пријава до насилниците кои вчеравечер го нападнале и бркале возилото во кое се превезувал Спасов, објави порталот „Курир“.

Како што пишува порталот групата која го следела и нападнала Спасов е од скопска Серава, односно станува збор за Албанци со „дебело“ полициско досие.

Даут Динарица кој во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот, тој е и осуден насилник и тоа токму поради тепачка користејќи и оружје.

Во возилото бил и Омер Аџами зад кој исто така има криминални дела на тешки кражби и помагање во други кривични дела. Во таквата насилна брктоница која ја организирала криминалната група помагал и Етем Абаз кој исто така има дебело полициско досие загрозување на јавен ред и мир, осуден за физички напади и тепачка.

Во целиот случај МВР под раководство на Спасовски има направено сериозни пропусти и овој случај беше злоупотребен од страна на СДСМ, водејќи валкана и приземна политичка кампања против Спасов.

Фактите говорат дека наспорти тврдењата на медиумите на СДСМ направена е незначителна материјална штета, доказ е фотографијата од автомобилот и Спасов не бил во алкохолизирана состојба и не е направена никаква евиденција ниту пак побаран е исказ за насилното однесување на криминалната група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top