Хума знаела дека нејзиниот сопруг е склон кон перверзно и настрано сексуално однесување, но не можела ни да замисли на кој начин тоа ќе влијае, не само на нејзиниот живот и кариера, туку и на кариерата на жената на која посветила голем дел од својот живот.
Нејзиниот брак е во центарот на скандалот поврзан со тајните сервери на Хилари, откако ФБИ дошол во посед на мејлови поврзани со цел случај кој се истражува.
Абедин и нејзиниот сопруг Вајнер веќе неколку пати биле во центарот на вниманието на јавноста поради фактот дека Вајнер често праќал пораки и непристојни фотографии на жени и малолетно девојче кое никогаш не го запознал.
Во тоа време уште бил оженет, иако Абедин најавила развод поради секс скандалот.
Абедин е инаку посветена муслиманка, додека Вајнер е Евреин. Парот го венчал самиот Бил Клинтон во Њујорк во 2010. година, а Хилари била организаторка на забавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.