Вечерва меѓу 29. и 30. октомври, се менуваат стрелките на часовникот, па ќе поспиеме еден час повеќе. Статистиките велат дека еден ден по преминот на летно од зимско сметање на времето, бројот на инфаркти во светот се зголемува за 52 отсто, додеа по преминот на зимско сметање на времето, тој број се намалува за пет отсто.
Едно истражување во Индијана, САД покажало дека и покрај тоа што оваа пракса на зимско сметање на времето е воведена за намалување на електричната енергија, луѓето повеќе користат клима, па потрошувачката е многу повеќе зголемена.
Но, иако добиваме продолжен викенд со еден час повеќе за спиење, стручните лица предупредуваат дека понеделник ќе биде најдепресивниот ден во годината, а веќе го најавија и како „жалосен понеделник“.
– Почнува работната недела, студено е, сменет е биоритамот и сменет е саатот. Луѓето нема да сакаат да станат од кревет, а не па да бидат продуктивни на работа – велат од Светската здравствена организација, додавајќи дека мрзоволното расположение ќе ги држи цела недела откако ќе се смени времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.