| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се преживее понеделник

Продолжен викенд е пред нас. Но по викендот, понеделник ретко кому е омилен ден во неделата. Сите ние тешко го доживуваме почетокот на новата работна недела и од таа причина буквално го мразиме понеделник.

За некои тоа чувство на неудобност е силно, толку да чувствуваат тага, страв и анксиозност. Доколку се препознаете во наведените ставки, можете и да патите од феноменот кој научниците го нарекуваат „Monday blues“.

Еве неколку совети како да го преживеете првиот ден во неделата.

Разбудете се рано и веднаш тргнете во акција. Нека денот ви започне со некоја телесна активност која ќе ве разбуди и ќе ви го стимулира адреналинот. Тоа би можело да биде трчање или било кој друг облик на телесни вежби.

Слушајте музика, затоа што таа е одличен стиумулатор на расположението.

Осмислете нешто што ќе го правите по работата, договорете некое излегување, дружење, нешто што ќе ве развесели и каде ќе се чувствувате удобно и опуштено.

Немојте да биде мрзеливи преку сабота и недела и да спиете до пладне, затоа што ѕвоното на алармот во шест часот ќе ви биде најлошиот звук во понеделник. Нема да се чувствувате одморно, иако сте се наспале. Одржувајте ја рутината и тогаш и будењето во текот на неделата ќе ви биде полесно.

Совет за крај, уживајте во викендот и немојте да се плашите од неговото завршување па да станувате нервозни и суапничени како што се приближува понеделник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top