| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Уапсени 12 лица под сомневање дека планирале напад

Дванаесет осомничени членови на подмладокот на Курдската работничка партија (ПКК) беа уапсени денеска во турскиот западен округ Измир, објави „Хуриет дејли њуз“.

Турската полиција добила информација, дека наводните терористи се подготвуват денеска со рачноизработени бомби да нападнат објекти на силите за безбедност за време на празнувањето на турскиот национален празник, 93-годишнината од основањето на Републиката.

При операцијата во Измир биле пронајдени материјали за изработка на бомби.

За време на одделни операции, шест членови на ПКК и шест членови на ИД биле упасени во Анкара, соопшти локалната полициска служба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top