Том Хенкс има двајца синови. Едниот е негова лика и прилика, а другиот е порочен и доста проблематичен.
Том Хенкс не крие дека многу се гордее со синот Колин, кој по неговите стапки стигна до сериите „Декстер“ и „Банда од браќа“. Чет, вторитот син, е рапер во обид и има големи проблеми со дригата.
-Пред неколку месеци продавав кокаин, а го користев се додека не осетив еден ден дека не можам да дишам, бев затнат. Пушев и крек, вели Чет.
За среќа, се пријавил на рехабилитација.
-Морав да погледнам кон себе и да видам какви глупости сум направил. Конечно си признав дека не може така и дека морам да направам нешто за себе, а тоа да нема врска со алкохол и дрога.
Во екот на неговите проблеми Том и неговата сопруга Рита беа вовлечени и во судски процес, зашто Чет учествувал во сообраќајна незгода во која една жена била потепко повредена. Во тужбата таа ги тужела ридителите на Чет, зашто иако знаеле дека е пијан и дрогиран, му дозволиле да управува со нивното моторно возило.
Том Хенкс минатата година зборуваше отворено за проблемите на Чет.
-Како родител си ги сакаш децата безлсловно, Ги поддржуваш на секој чекор, ја почнува својата тешка приказна Том. Тој ја пофали храброста на синот да зборува отворено за својот проблем на социјалните мрежи.
-Мораш да аплаудираш за храброста и искреноста кога доаѓа од твојот дом.
Чет објави на Инстаграм 11 видеа во кои објаснува како сака да го промени својот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.