Американското економско списание „Форбс“, по интервјуто со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, објави и репортажа за Македонија под наслов: „И покрај политичката криза, Македонија напредува со реформите“ пишува дека државата и покрај политичката криза успеала да привлече нови инвестиции и да ја намали невработеноста.
Освен Вили Ван Лој, глобален директор во Џонсон Контролс и Луц Ромејер, менаџер во инвестициската банка Ландесбанк Берлин Форбс го цитира и Тилман Так, од консултантската фирма Мекинси и Компани од Берлин, според кого економскиот развој на Македонија ја зацврстува нашата прозападна ориентација.
„Македонија е растечка економија. Потенцијалот за развој и понатаму ќе биде повисок во споредба со другите држави во Европа. На Македонија не и е потребна Русија, освен единствено за набавка на нафта и гас, а дури и тоа може да се смени со изградбата на Трансјадранскиот гасовод кој ќе донесе азербејџански гас преку Турција и Грција до Албанија и Италија. Македонија може да ги искористи и интерконекциските гасни врски меѓу Грција и Бугарија. А во меѓувреме, нејзината географска близина до Европа и поволниот даночен систем може да бидат доволни за да се развива, и евентуално да стане полноправна членка на Европската унија“, вели Так, додавајќи дека економскиот раст не е зависен од државното трошење, туку од повеќе фактори.
– Македонија има здрав економски раст, кој се должи на странските инвестиции и на подобрувањето на трговската размена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.