На регионалната железничка линија меѓу германските градови Сарбрукен и Нојкирхен повеќе мажи претепаа двајца авганситански мигранти на возраст од 18 и 22 години, пишува Билд.
Нападот се случил минатата недела, рано наутро. Мажите прво почнале да ги провоцираат Авганситанците, а ппотоа почнале и да ги тепаатОд жестокоста на ударите 18-годипниот мигрант се онесвестил, а постариот се извлекол со полесни повреди.
За среќа, две жени им излегле во пресрет, ги одбраниле и останале со нив додека не дошла полицијата. Целиот напад го снимиле и камерите во возот и на станицата, така што иако се во бегство, напаѓачите тешко ќе се извлечат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.