Анџелина не е првата позната личност која поради ризикот од рак реши да ги отстрани своите гради.
Во ноември минатата година, сопругата на пејачот Ози Озборн и мајка на водителката Кели Озборн, Шерон, ѝ обелодени на јавноста дека направила мастектомија, односно операција за целосно или делумно отстранување на едната или на двете дојки.
– Сакав да бидам сигурна дека ќе имам уште време да го потрошам со моите деца и внуци – изјавила таа, додавајќи дека воопшто не жали за оваа одлука бидејќи едноставно не сакала цел живот да го помине во страв од болеста.
Познатата водителка на најпознатата шоу-биз телевизија „Е!Ентертајнмент“, Џилијана Ранчиќ, во 2011 година направи операција за отстранување на градите и ги сведе на минимум откако при редовниот преглед ѝ беше откриен рак на дојката. Таа ја имаше целосната поддршка од нејзиниот сопруг, актерот Бил Ранчиќ, со кого подоцна таа година го добија синчето Дјук.
Во 2008 година популарната комичарка и актерка Кристина Апелгејт навреме откри дека има рак на двете дојки и подлегна на двојна мастектомија. И таа три години подоцна без проблем забремени и роди ќеркичка.
Двојна мастектомија како превенција на ракот на дојка минатата година направи и британската пејачка и тв водителка Мишел Хитон, која се одлучи на тој потег откако дозна дека ризикот да ја добие болеста беше дури 80 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






