| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбал У-17: Македонија одигра нерешено со Италија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години одигра нерешено против врсниците од Италија.

На средбата одиграна попладнево во италијанскиот град Форли, а во рамките 2.коло на групата 4 во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 17 години, Македонија и Италија одиграа без голови 0:0.

Со овој резултат избраниците на селекторот Добринко Илиевски ги задржаа реалните шанси за освојување на второто место во групата кое носи пласман во следниот круг квалификации.

Имајќи ја в предвид денешната победа на Србија над Албанија со 2:0, во последното коло на младите македонски фудбалери потребна им е победа над Албанија, но и триумф на Србија во дуелот со Италија.

На водечка е Србија со 6 бодови, пред Италија која има 4, Македонија 1, а последна е Албанија без освоен бод.

Натпреварите од последното 3.коло Македонија и Албанија и Србија – Италија ќе се играат во понеделник (31 октомври), со почетокот од 15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top