| четврток, 6 декември 2018 |

Скопски гинеколог-митаџија фатен како ординира во приватен стан

ginekolog ordinacija

Познат скопски гинеколог фатен како врши прегледи како дополнителна дејност во приватна здравствена установа сместена во стан во Скопје.

Гинекологот М.С. бил фатен на дело. Докторот нема право да работи во приватни установи бидејќи веќе е вработен во државната Клиника за гинекологија. Во согласност со законот, државната здравствена установа треба да поведе дисциплинска постапка, а ќе одговара и приватната ординација, која го ангажирала.
Овој доктор пред неколку години беше фатен со пари во кеш за кои истражните органи се сомневаа дека станува збор за поткуп. Докоторот одреден период помина и во притвор.

Тој е трет лекар што за неколку дена беше фатен од инспекторите како работи нелегално и спротивно на законот. Во согласност со законските прописи, тој може да заврши на дисциплинска во установата каде што е вработен, а ќе добие и забрана да работи во приватни здравствени установи. Нема да се извлече и приватната ординација која го ангажирала докторот.
Вчера клуч на врата во период од 30 дена добија дијагностичката лабораторија „Хистолаб“, како и дерматолошкиот оддел во „Промедика медикал центар“. Во првата, професор од Онкологија, иако не бил вработен во лабораторијата, нудел услуги, а работел и спортивно на законот за дополнителна дејност. Во втората установа била фатена лекарка од Пластична хирургија како изведувала реконструктивни зафати иако установата не била регистрирана за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top