| четврток, 6 декември 2018 |

Аларм во Хрватска: Убиец на српски мафијаши без проблем влегол и ја поминал земјата без да биде откриен

Бранислав Секуловиќ, троен убиец од Белград, по десет години во бегство од правдата, беше уапсен на граничниот премин на Босна и Херцеговина со Хрватска во Славонски Брод. Според српските медиуми, неговиот вистински идентитет е утврден на босанскиот пункт при влез на БиХ, што значи дека влегол во Хрватска, престојувал и излегол од неа во целост незабележан од безбедносниот апарат, пишуваат хрватските медиуми.

Човекот по кого Србија трага од септември 2007 година, е осомничен дека убил тројца членови на т.н. „Клан Вождовац “. Секуловиќ ,притиснат од финансиски ситуации, често позајмувал пари за камата, а жртвите ги излажал за 100.000 евра, според српските Новости.

Вечерта пред убиството, тој од банка зел кредит од 500.000 евра заложувајќи ја ветувајќи својата компанија. Ги повикал своите жртви на Владимир Самарџиќ Глобус, Душан Пејовиќ и Дарко Живковиќ, познат како Жика Шумадинац во неговата канцеларија. Следното утро, вработените во неговата компанија ги најдоа безживотните тела на младите криминалци ..

Тој ги измамил за 100.000 евра, биле повикани и убиени

Полицијата се сомнева дека момците ги побарале своите пари, а веројатно и се заканиле и уценувале, а потоа тој ги убил со истрели од пиштол, можеби дури и во самоодбрана. Околностите на ова дело треба да ги објасни Секуловиќ.

Подоцна се покажа дека Секуловиќ, Самарџиќ и Живковиќ, заедно работеле во градежништвото и на тој начин се се случиле и финансиските проблеми. Пејовиќ пак е убиен само затоа што тој бил со нив таа вечер.

Секуловиќ во бегството го користел алијасот Марио Триван. Тоа е државјанин на БиХ, кој, наводно, бил убиен во Австралија. Меѓутоа, кога пред два месеца Марио Триван дошол по својот пасош, полицијата увидела дека тој веќе е издаден. Потоа пасошот издаден во Бања Лука, е огласен  во меѓународниот систем како лажен, и кога Триван, односно Секуловиќ, се обидел да ја преминат границата со автобус – аларм се вклучил.

Триван на почеток не сакал да го признае својот идентитет. Со него, пишува српски Блиц, имал 7000 конвертибилни марки, а во пасош биле удрени печати од Украина, Русија и од Молдавија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top