Игор Џамбазов својата нова книга „Приказни од Мјаукедонија“ денеска ја претстави пред учениците во гимназијата „Алгоритам“ од Скопје. Средбата протече во пријатен разговор во кој учениците најмногу се интересираа за искуствата од средношколските денови на овој познат македонски актер, неговиот избор да студира глума, улогите во театарот… За најновиот роман на Џамбазов најмногу ги интересираше дали Игор чува мачка и како се вика, од неа ли е инспириран итн.
– Ова е роман за личните падови и подеми, разочарувања и ѕвездени моменти, за борбата меѓу новото и традиционалното, за омразата и љубовта. Пишуван како исповед на талентираната мачка Емилија Џамбазова-Бавчанска, необичен, различен од другите, забавен за читање, кој ќе овозможи едно имагинарно патување низ нашата Мјаукедонија – вели авторот.
На Саемот на книга тој секој ден беше на штандот на „Три“ и потпишуваше примероци, а сега низ гимназиите во Македонија ќе го претстави своето најново дело на најмладата популација, на која ѝ советуваше да ги остави компјутерите, „Фејсбук“, „Твитер“…и да излезат во природа, да возат ролерки, да свират гитара, да се дружат и да се вљубуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


