Како што деновиве најавуваше, Фjорентина брзо го заврши трансферот на Џузепе Роси. Тој потпиша до 2016 година, неговиот досегашен клуб Вилјареал ќе добие 11 милиони евра, а играчот 1,5 милион годишно. Роси велат извори од Артемио Франки е целосно заздравен од тешката повреда.
Роси на „Ел Мадригал“ помина шест години, одигра 136 натпревари и даде 54 голови, а за Италија има шест погодоци на 27 средби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


