Турново одигра одличен меч и се избори за поволен резултат, 2-2, во Литванија против Судува, во дебитантскиот настап на европската сцена. Со головите на напаѓачкиот тандем Балодвалиев и Блажевски, македонскиот претставник во квалификациите за пласман во Лигата на Европа стигна до реми.
– Бевме подобри од Турново и имавме повеќе шанси за гол. Не успеавме од изгледни позиции да погодиме, а Турново нѐ казни со два гола од две шанси. И пеналот за нив е сомнителен. Во реваншот не смееме да им дозволиме да ја контролираат играта бидејќи Македонците се добри техничари и имаат опасни напаѓачи. Можеме да им дадеме гол во реваншот и да се пласираме во следната фаза – изјави Дариуш Гвилдис, тренер на Судува.
Литванците ја имаа инцијативата во вториот дел и постојано напаѓаа за да ја анулираат предноста на Турново од 2-1, по првите 45 минути. Валскис успеа да ја круниса доминацијата на Судува во 85. минута со израмнувачки гол.
– Судува е добар тим, игра солидно и во Скопје на реваншот ќе мора да одиграме подобро за да се пласираме понатаму. Шансите се подеднакви иако сега ќе нѐ сметаат за фаворити, по ремито во Литванија – изјави Зоран Балдовалиев, стрелецот на првиот гол за Турново. Реваншот ќе се игра во Скопје на 11 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Викендов Галичка свадба – Зурли штом диво ќе писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот
-
Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженците на 45. Галичка свадба
-
Избрани невестата и зетот на Галичка свадба 2018
-
National Geographic ја прогласи Галичка свадба за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа