Жељка Роловиќ неколку пати е апсена за организирање на елитна проституција во Црна Гора, а на јахтите со кои доаѓаа нејзините клиенти често беа хрватски спортисти и ТВ личности.
Откако беше уапсена последниот пат, во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени телефонски броеви и e-mail адреси на највисоките државни претставници и на некои од најбогатите бизнисмени во регионот. Позната Мадам Жељка овие денови раскажа шокантни детали за турбулентен живот, кои ги пренесе српскиот Њусвик.
-Имав десет години кога татко ми ги уби мајка ми и мајка и па себе. По три куршуми за двете и еден во себе. Неколку месеци го мислел тоа. Плачеше и носеше оркестри да му ја пеат „Уште еден ден во животот” (Jedan dan života)- изјави г-ѓа Жељка (39).
-Мојата мајка ме родила кога имала 16 години. Таа останала бремена на 15 години, ме роди на 16, брат ми Жељко со 17 … Моите родители секогаш се караа, па се миреа. Мајка ми работеше како чистачка во болницата, и татко ми многу ја сакал. Но, тој беше нездраво љубоморен, секогаш беше пијан, а мајка ми беше многу лута заради тоа. Кога ќе слушневме музика, знаевме дека тато доаѓа дома пијан. Секогаш имаше некои пари, па викаше музиканти да пеат дома, додека тој не заспие. Кога ќе заспие , тие си одеа”, изјави Мадам Жељка.
Таа додаде дека нејзиниот татко бил насилен. Еднаш со автомобилот скршил дел од болницата каде што била мајка и, барајќи ја неа, и поради тој инцидент завршил во затвор. Понекогаш знаел и да ја удри.
Бидејќи нивните родители речиси никогаш не биле дома, Жељка и нејзиниот брат билезапоставени, постојано на улица, заради што кога имале седум или осум години завршиле во Домот за деца во близина на Херцег Нови.
Жељка и таму , вели, се снашла. Крадела патики, сендвичи, храна, ракија за татко… учествувала во тепачки, а и многу други скандалозни работи незамисливи за нејзините врсници. „На една малечка и ставив измет кај нејзината глава додека спиеше. Таа ме мразеше … Ох, што се правев”, вели Жељка, која избегале од домот на 14 години.
За тоа како Мадам Жељка била запоставена како дете, покажува и фактот дека минала два дена во куќата со починат дедо . Дедото починал од алкохол, а таа тогаш имала пет години, не разбирала дека тој починал.
-Еден ден не стана од креветот. Мојот брат и јас помисливме дека спие. Два дена ние скокавме врз него и викавме ’Дедо, разбуди се’. Тогаш дојдоа чичко ми и тетка ми по нас и тогашдознавме дека е дедо е мртов- раскажува Жељка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.