| четврток, 6 декември 2018 |

Тага и молк: Погребани мајка, татко и син што со секира ги уби нивната ќерка и сестра

Денеска се погребани Предраг, Миланка и Славољуб Алексиќ, кои пред два дена со секира ги усмрти нивната ќерка односно сестрата на Славољуб, Славица Лазиќ.

На гробиштата во населбата Јарчујк, во Краљево, во соседна Србија, каде убиените и убиецот живееле, се собраа соседите и родниите за да им оддадат последна почит на саканите.

-Најмногу ни е жал за Славољуб. Немаше никого освен таткото Предраг и мајката Милица. Не се ожени. Така го заврши својот живот. Страшно и многу тажно. Миланка и Предраг барем нешто проживеаја, а тој ништо, раскажуваат роднините на семејството.

Интересно е што никој не сакаше да коментира во врска со Славица, која свирепо, со секира додека спиеја ги уби мајката, таткото и братот.

-Во целиот тој дел од Јарчујк се населени доселеници од Косово. Некои дојдоа во 80.тите години, а некои по 1999 година. Мислам дека менталитетот на тие луѓе е таков, да се кријат од роднините и соседите. И да постоело нешто негативно меѓу Славица и родителите, тоа сигурно максимално го скривале, вели соседката Стана.

kraljevo_01_-_sahrana_porodice_aleksic_-_foto_n-_bozovic_1000x0Вишото јавно обвинителство во Краљево по сослушувањето на Славица Лазиќ и одреди притвор од 30 дена. Таа пред обвинителот се бранела со молчење.

Славица и во полиција се бранела со молчење. Единствено што им рекла на полицајците кои први дошле на местото на настанот, е дека ги убила домашните. Убиецот ги чекал домашните да отидат на спиење, а потоа зела секира и им задала смртоносни удари во глава. По убиството го зела телефонот и повикала полиција.

Интересно е што Славица Лазиќ не била регистрирана како пациент со психички проблеми. А соседите ја познавале само површно, зошто не била тип кој се дружи моногу со некого, па рекле дека не забележале кај неа нешто што би укажало на тоа дека би можела да повреди или убие некого.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top