Вистинска шпионска афера ја тресе Србија откако ЦИА ги објави фотографиите од водачите на Земунскиот клан, Душан Спасојевиќ со прекар Шиптар и Миле Луковиќ викан Кум, пишува „Информер“.
Нивните фотографии со раскрвавени лица на ЦИА им ги доставил висок функционер на српското министерство за внатрешни работи. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека луѓе однатре со години работат за странски служби, поточно за американската ЦИА.
Документот покажува дека Службата за државна безбедност, откако кај местото Мељак во близина на Белград ја открила локацијата каде се кријат Душан Спасојевиќ Шиптар и Милорад Луковиќ Кум, ги уапсила и ги однела на непозната локација. Во акцијата единствено се спасил Багзи, кој со голема сума пари пребегал во Грција.
Поточно ЦИА ги има фотографиите што покажуваат дека Спасојевиќ и Луковиќ не биле убиени за време на акцијата „Сабља“, каков што беше официјалниот извештај. Тие биле живи фатени, па потоа во голема тајност биле однесени на непозната локација, каде што биле мачени, а подоцна ликвидирани. Српските власти стравуваат дека овие фотографии можат да предизвикаат дестабилизација на земјата од остатоците од овој клан, кој иако не е толку активен, сѐ уште предизвикува страв кај граѓаните.Се шпекулира дека ЦИА наводно има и видеоснимка од нивната егзекуција.
Објавена е белешката со која јасно се гледа дека српски полициски службеници за потребите на ЦИА одавале тајни податоци поврзани со припадниците на Земунскиот клан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.