| четврток, 6 декември 2018 |

Касиерката со пиштол ја внеле во магацин, потоа го ограбиле маркетот

Вчера околу 19.20 часот во Скопје на бул. „Борис Трајковски“ две непознати лица, од кои едното вооружено со пиштол, извршиле разбојништво во маркет.

Сторителите влегле внатре, ја затвориле  вработената во една од помошните простории и го одзеле дневниот промет  по што го напуштиле местото на настанот.

ПС ОН Кисела Вода презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top