Дало модерното родителство ќе произведе генерација на себични и некултурни деца, пишува „Хафингтон пост“ во една колумна објавена неодмана.
Автор на колумната е мајка и наставничка која ги советува модерните родители да почнат да ги исправаат грешките пред децата да ни пораснат во себични, нестпрливи и некултурни возрасни лица.
– Нема тоа да биде нивна грешка, туку наша. Затоа, родители, ве молам, борете се повеќе. Давајте се помалку од себе. Дозволите децата да се развиваат и подгответе ги за она што ги очекува во вистинскиот живот. Но, мора да ги пуштите да научат сами.
Работев со деца ширум светот а во последните две децении сé почесто се сретнувам со коментари од родители, кои како и мене сметаат дека постојат огромни проблеми. Еве кои се најголемите. Почнавме да се плашиме за своите деца. Кога наутро правиме појадок и подгреваме млеко за децата, ако кажат дека сакаат поинаков прелив или било што што повеќе им одговара, почнуваме да паничиме и да менуваме сé по нивна желба, само за да ги задоволиме. Грешка!
Кој е во таа приказна родител, зошто сѐ мора да биде по нивно? Никому не треба постојано да му наредувате, но не треба себе си да си создавате дополнителни потешкотии, со тоа што ќе ги задоволувате со сé. Запрашајте се каква лекција на тој начин им давате: дека ќе добијат што сакаат, кога ќе посакаат. Дали?
Кога децата се однесуваат лошо, родителите често се склони да кажат дека „така прават децата“. Верувајте, не е така. Децата се во состојба да направат многу повеќе од очекуваното, без разлика дали се работи за манири, почитување кон постарите, самоконтрола или великодушност. Мислите дека децата не знаат да седат пристојно во ресторан на вечера, или пак зад себе да средат и расчистат? Тоа е глупост, затоа што единствена причина за да мислите така е тоа што не им давате никогаш можност да научат. Подигнете ги границите на очекувањата и ќе видете што сѐ се во состојба да надминат.
Го изгубивме чувството дека и други учествуваат во процесот на случувањата на нашето дете. Порано тоа беа наставниците, шоферите на автобусите, пријателите, родителите на другите децата со кои тоа се дружи… Потоа одеднаш се случи да се нервираме секогаш кога другите ќе кажат нешто за нашето дете, затоа што тие немаат право да зборуваат како тие се однесуваат. Сепак тоа се наши деца. Ги поддржуваме само оние што се согласуваат со нашиот начин на воспитување, иако тој не е исправен воопшто. Премногу ги поседуваме децата и имаме ексклузивно право само ние да имаме влијание на нивниот раст и развој.
Технолошките можности се одлични за поедноставување на работите. Можеме да нарачаме храна кога сме уморни од работа, со притискање на копче имаме готово јадење. Проверуваме сметка во банка со еден клик. Тоа е импресивно, но сé има и свои мани. Децата треба да се учат на трпение, а во опкружување во кое сѐ им е достапно, тоа не е возможно. Ако мислат дека храната се спрема за 3 минути, никогаш нема да сакаат да научат да готват и нема да ја научат разликата меѓу храната што е зготвена дома и во која е вложен труд и онаа што доаѓа од надвор. Затоа Вие како родители треба да им објаснете на своите деца кои се предностите од пократките патишта во животот, како оние технолошките, така и останатите од секојдневниот живот.
Одеднаш сите Ваши потреби не се примарни, што делумно се очекува. Не се веќе ни на второ место, а единствено што знаете дека оние на децата се први. Се залагам за тоа децата да бидат на прво место, но без да се запоставите себе си. Така често се случува мајките и татковците сто пати да стануваат од креветот за да ги проверат децата. Не постои ништо лошо во тоа некогаш да се каже НЕ. Постојат едноставни ситуации во кои сосема е оправдано да се каже „не“ и да им се објасни на децата зошто тоа го правите. Без разлика колку сакате да ги задоволите, треба да знаете дека сосема е во ред да мислите и на себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.