Владата на Велика Британија го осуди навивачкото насилство кое се случи на осминафиналниот натпревар од Лига Купот меѓу лондонските ривали Вест Хем и Челзи (2-1), а исто така се надева дека овој инцидент нема да биде искра за нов бран на хулиганизмот во фудбалот.
Во средата навивачите на Вест Хем и Челзи приредија „трето полувреме“ откако имаа жестока меѓусебна тепачка, а британскиот министер за спорт Трејси Крауч остро го осуди овој инцидент.
– Фудбалот и властите цели 30 години напорно работат за да се избегнат овие инциденти. Сигурно никој не сака да се повторат мрачните моменти од 70-тите и 80-тите години. Се надевам дека ова нема да биде искра на нов бран на хулиганизмот во фудбалот – вели Крауч.
Вчера полицијата објави дека привела седум хулигани и дека тој број ќе се зголеми во текот на наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
-
Британската премиерка Тереза Меј на 18 мај доаѓа во Скопје
-
Хорор во белградскиот затвор: Сплитскиот хулиган заврши на психијатрија, по нападот од озлогласен убиец