СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.С. (40) и Г.М. (39), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело мачење животни.
Првопријавениот кон крајот на септември или на почетокот на октомври 2016 година на непознат начин дошол во посед на птица-златен сури орел. Истиот го однел во дворот на семејната куќа, го врзал со јаже и на таков начин го изложил на непотребни маки и му нанел непотребни болки.
Наредниот ден првопријавениот заедно со второпријавениот насилно му ги рашириле крилјата и се фотографирале со орелот. Второпријавениот истиот ден ги објавил сликите на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.