Четириесет и осумгодишната Љ.С. од едно село во близина на Вараждин, Хрватска, скришно го продала мајчиното теле за да плати такси и отишла во Приедор, БиХ, да го посети своето момче.
Жената од Приедор, пред неколку месеци се отселила во Хрватска кај својата мајка. Како што раскажуваат соседите, на госпоѓата најтешко ѝ паднало тоа што повеќе нема да биде во можност да се гледа со својот партнер кој морал да остане во Приедор.
Неколку дена по селидбата постојано барала начин како да ја победи далечината од 200 километри и да дојде до него.
Имајќи предвид дека немала пари, оваа 48-годишна госпоѓа, криејќи од својата мајка, едно попладне, го продала нејзиното теле, па парите ги потрошила на такси и подароци за момчето.
– Јас не знам што има таа го главата, со тоа теле можеше да го храни семејството со години. Изгледа дека човек како што старее станува полуд. Впрочем, ако толку го сака можела да отиде со автобус, а не да го прави овој циркус и за неа и за мајка ѝ која веројатно се шокирала – рекла една од соседките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.