| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографите од венчавките откриваат: Како знаеме дали бракот нема долго да трае

Кога сте сведоци на многу венчавки, какоо што е случај со фотогарфите, тогаш може да забележите одредени знаци дали бракот ќе се распадне или ќе потрае.

Кога ќе видите како невестата и младоженецот разговараат, како се обраќаат едни на други и што им е најважно на венчавката, се ви е јасно. Посебно кога ќе забележите дали повеќе размислувале за венчавката или за иднината во бракот.

Кои се тие знаци?

Ако младоженецот не е претерано среќен на сликите или непријателски гледа во невестата, јасно е дека тој брак брзо ќе заврши.

 

Доволно е да видите како се однесуваат гостите, па да заклучите што ќе биде со бракот. Лесно е да се воочи дали пријателите и семејството сметаат дека бракот е добра идеја за младите, дали се среќни поради нив и дали ги подржуваат. Тоа значи дека нивната врска е здрава и силна.

Ако невестата и младоженецот поголем дел од свадбата го поминуваат на мобилен телефон, лесно е да се претпостави како сето тоа ќе заврши. На најважниот ден тие би требало денот да си го посветат едни на други, а не на неважни работи.

Кога невестата и младоженецот по сечењето на тората се хранат многу внимателно и со љубов, тоа е добар знак. Но, кога се надмудируват, кој на кого ќе му го замачка лицето тоа не е добар знак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top