Само еден ден откако австралискиот милијардер Џејмс Паркер ја раскина свршувачаката со Мараја Кери, обвинувајќи ја дека неумерено ги трошела неговите милиони, поп дивата решила да ја раскаже својата страна на приказната и да ги изнесе сите валкани алишта во јавност.
Имено како што пишува сајтот ТМЗ, врската на Мараја и австралискиот милијардер веќе неколку месеци е турбулентна, а инцидентот кој ја прелил чашата се случил за време на неодамнешното крстарење во Грција. Тогаш, според пишувањето на американскиот портал, Паркер „вербално или физички ја нападнал асистентката на Мараја“, преку што пејачката не сакала да помине.
Набрзо после тоа парот ја раскина свршувачаката, а Паркер ја обвини Кери дека неумерено ги троши неговите пари. Но Мараја сега решила да ја каже својата страна на приказната, па на пријателите им се доверила дека Паркер не е целосно нормален, пишува ТМЗ.
Освен тоа пејачката рекла дека свршеникот не и е никаква поддршка и дека морала да го остави бидејќи е ментално неурамнотежен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.