Мараја Кери и 15 години помладиот кореограф Брајан Танака ја прекинале врската по само пет месеци. Се шпекулира дека раскинале поради љубоморни испади на Танака, но и дека пејачката не можела да го толерира расипништвото на партнерот.
Не е тајна дека Мараја по разводот во 2016 година остана во добри односи со комичарот Ник Канон, пред сè заради 6-годишните близнаци Морокан и Монро.
– Недамнешен настан во Лос Анџелес беше капка што ја прели чашата. Танака се налути бидејќи Мараја за придружба на црвениот тепих го избра поранешниот сопруг наместо него – тоа го доживеа како недостиг на почит од нејзина страна – тврдел извор близок до кореографот.
Парот наводно во последно време често се расправал и поради неодговорниот однос на Брајан кон парите. Наводно Кери, негова партнерка и шефица, освен плата му давала и месечен џепарлак од дури 25.000 долари.
– Мараја сака скапи подароци и ги очекуваше од момчето кое баш и не можеше да се пофали со банкарската сметка. Со текот на време почна да се сомнева дека Танака само ја користи како би дошол до своите пет минути слава – пренесуваат медиумите.
Пејачката и кореографот почнаа да се гледаат откако Кери се раздели со австралискиот милијардер Џејмс Пакер. Мараја и Брајан не ја коментирале информацијата за прекинот на нивната врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Носи скапоцен подарок од поранешниот: Мараја Кери лумпувала со новото момче, а сите гледале во еден детал!
-
Мараја Кери ги обвинува танчерите и себеси за новогодишното фијаско
-
Мараја Кери си ја запали венчаницата од 250.000 долари (Видео)
-
Со голи гради на папараците – вака дивата се појави во јавност првпат по скандалот