Пејачката која во моментов се наоѓа среде правна битка со продуцентот Доктор Лук во новото интервју проговори за злоупотребата која ја преживеала и за тоа како за малку ќе се убиела со изгладнување/
Поп ѕвездата Кеша вели дека во времето кога во 2010 година бил објавен нејзиниот албум “Animal” трпела јавни критики поради вишокот килограми.
– Бев под притисок да се изгладнувам. Со тоа за малку ќе се убиев, вели пејачката.
Таа во 2014 година поднесе тужба против продуцентот за кого тврди дека ја дрогирал и ја силувал, но тој го негираше сето тоа и поднесе противтужба.
Истата година таа замина на клиниката за рехабилитација која е специјализирана за пореметувања во исхраната и таму поминала два месеци.
Пејачката за “Njujork Tajms” раскажа дека Лук бил тој што од неа сакал да направи девојка со репутација на љубителка на забави и ноќен живот и дека ја терал да ги менува текстовите на своите песни за да се вклопат во тој имиџ.
-Ми рече дека песните треба да ги направам уште поглупи и поедноставни, раскажува таа.
Од друга страна продуцентот го негира сето ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.