Анџелина Џоли поминала четири часа на испитување во рамките на истрагата која ФБИ ја води околу наведувањето дека Бред Пит физички го малтретирал Медокс, нивниот 15-годишен син.
Според”Us Weekly”, Анџелина во потполност соработувала со агентите кои разговарале и со неколку од нивните деца.
– ФБИ сака да знае што точно се случило во периодот откако полетал авионот до моментот кога слетале. Се обидуваат да утврдат дали обвинувањата за напад имаат основа, вели изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


