Помалку од десет дена не` делат до ексклузивниот концерт во Вип Арената во Скопје, на кој еден од највпечатливите светски вокали на сите времиња, Ian Gillan, ќе настапи со најголемите хитови на култните Deep Purple.
Харизматичниот фронтмен на 5-ти ноември ќе биде придружуван од бендот на Don Airey и Македонската Филхармонија, а под диригентската палка на Маестро Steven Benltey Klein.
Посебно интересен е фактот што на концертот на Ian Gillan во Скопје како предгрупа ќе настапи бендот Papa Le Gal, кој го предводи неговата ќерка Grace Gillan. За прв пат во неговата долгогодишна музичка кариера тој ќе настапи со својата ќерка на иста сцена. Инаку Papa Le Gal е официјален support band, кој го придружува Ian Gillan на годинашната турнеја, во која опфатени се настапи во повеќе европски земји.
Papa Le Gal е релативно нов бенд на музичката сцена, кој според критичарите е бенд што има светла иднина. Нивниот стил претставува своевидна фузија од повеќе музички жанрови, како фанк, афробит, латино и реге. Дали Grace Gillan го наследила талентот на нејзиниот татко, останува да видиме на 5-ти ноември во Вип Арена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.