| четврток, 6 декември 2018 |

Сите се воодушевени – Кејт Мидлтон чека девојче кое ќе се вика Дајана?

kral

Од пред неколку дена наголемо се пишува дека војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон по трет пат е трудна, а сега наводно е откриен и полот на бебето. Според медиумите, војвотката, најверојатно, ќе роди девојче.

Кралската двојка е пресреќна поради приновата, па решиле да ѝ дадат многу посебно име. Кејт и Вилијам наводно својата ќерка ќе ја наречат Дајана, по покојната мајка на принцот, пишува магазинот „Стар“.

Војвотката од Кембриџ е свесна колку покојната принцеза има важност во животот на нејзиниот сопруг, но и целата нација.

Принцезата Дајана, позната како икона на стилот и голема хуманитарка, почина во 1997 година во сообраќајна несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top