Дресот на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој настапува за Палермо, е на хуманитарна аукција во Италија и неговата стартна цена изнесува 150 евра.
Во акцијата наречена „Росанерите се грижат“ покрај на Несторовски, поставени се и дресовите на Алесандро Дијаманти и Хаетам Алисами. Дресовите се од специјален карактер, затоа што се од 1000-тиот меч на Палермо во Серија А, од дуелот против Торино кој се одигра пред десет дена. Воедно, на дресовите има и автограм од фудбалерите.
Собраните средства од продажбата на дресовите ќе одат во хуманитарната фондација „Черити старс“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Стоилов му подари дрес на херојот Марко Пејчиноски (видео)
-
Оригиналниот дрес со кој Буфон бранеше против Македонија ставен на аукција!
-
Версаче дизајнираше дрес, а цената е неверојатни 585 евра (галерија)