| четврток, 6 декември 2018 |

Ја претепал сопругата, па ја фрлил од тераса – брутално убиство ја потресе Србија

ubio

Далиборка Јоциќ од Парачин почина во болница по тешка тортура од страна на сопругот. Тој ја претепал, а по бруталниот ќотек кој го добила, несреќната жена била фрлена и од тераса.

Соседите веднаш повикале Брза помош кога ја виделе жената како лежи на плочникот, но за жал и немало спас. Таа починала од тешките повреди и покрај напорите на лекарите.

Инаку сопругот, 49-годишниот Бранимир Јоциќ од неодамна се вратил од Швајцарија, но поради психички проблеми бил пензиониран.

Жената зад себе остави тригодишно детенце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top