| четврток, 6 декември 2018 |

Летните тераси се затвораат, кафулињата да постават зимска опрема

Кафеанџиите до следиот понеделник ќе треба да ги отстранат летните тераси кои ги користат на урбани површини.

Заинтересираните корисници на јавни површини за добивање на Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор, и поставување на урбана опрема во зимската сезона 2016 -2017 ќе треба да достават барања со Градот Скопје во наредниот период, како што прават секоја година по завршување на летната сезона.

По комплетирање на документацијата и доставениот доказ за исполнетите обврски кон Градот и Општините, Град Скопје се обврзува во рок од 5 работни дена да издаде Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, во согласност со Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на град Скопје (сл. гласник на Град Скопје бр.3/10, 3/11,18/11 и бр. 11/14).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top