МЕПСО денеска склучи договор за набавка на нова примарна високонапонска опрема за потребите на трансформаторски станици од преносната мрежа. Ова е прва набавка која е дел од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што МЕПСО го реализира во кредитен аранжман со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Од МЕПСО информираат дека најповолен понудувач на меѓународниот тендер е конзорциумот на компаниите: „Елнос“ од Србија и „Кончар – мерни трансформатори“ од Хрватска.
По тој повод договорот за набавка денеска во Скопје го склучија Ацо Ристески, член на Управниот одбор и директор на подружницата Оператор на преносна мрежа во МЕПСО, Жарко Рончевиќ, директор за продажба во „Елнос“ и Анте Рогозина, претседател на Управниот одбор на „Кончар – мерни трансформатори“. Вредноста на договорот е 1,87 милиони евра.
Со овој договор се врши набавка на прекинувачи, раставувачи, мерни трансформатори и одводници за пренапони кои ќе бидат инсталирани во 400 kV и 110 kV преносна мрежа на АД МЕПСО.
Ова е прва од низата компоненти од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што опфаќа: реконструкција на далекуводи, набавка и имплементацијата на опремата и софтверските аликации за видео надзор над електоренергетските објекти, набавка и инсталација на системи за напојување, заштита и управување како и замена на старо земјоводно јаже со ново OPWG јаже со интегрирани оптички влакна за пренос на податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.