| четврток, 6 декември 2018 |

Влошена позицијата на Грција во „Дуинг бизнис 2017“

grcija-59831

Грција падна за три места во извештајот „Дуинг бизнис 2017“ на Светска банка, од 58. на 61. позиција од 190 рангирани земји.

Ова е втора година по ред како грчката позиција е влошена на листата поради тоа што постојаните пречки за претприемаштвото ги бркаат инвеститорите, што е еден од главните услови за закрепнување на грчката економија.

Грција годинава има ист резултат како во 2015 година, што укажува на стагнација во период кога се неопходни брзи реформи, додека другите земји преземаат дополнителни чекори и имаат предност во однос на Грција во подобрување на бизнис активностите и привлекувањето инвеститори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top