Холивудскиот актер, кој е еден од најзначајните и најистакнати членови на Скиентолошката црква, неодамна даде една од ретките изјави за оваа религија. Педесет и четиригодишниот Том Круз зборуваше за скиентологијата на премиерата на продолжението на филмот „Џек Ричер“ во Лондон.
– Многу се гордеам што сум скиентолог – изјавил Круз на црвениот килим.
На прашањето како се чувствува што во 2017 година премиерно ќе биде прикажан филмот за оваа контроверзна религија, во кој не е прикажана во најдобро светло, актерот рекол дека за него скиентологијата е нешто што многу му помогнало во животот.
– Скиентолог сум повеќе од 30 години. Скиентологијата е нешто без што не би бил каде што сум сега. Тоа е една прекрасна религија. Навистина сум горд – изјави Круз.
Основач на религијата е Лафајет Роналд Хабард, реномиран писател на научна фантастика. Во светот на оваа вера Том Круз го внела неговата сопруга од сумдесетите години Мими Роџерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.