| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 17 сообраќајни несреќи, од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци, во пет полесно се повредени шест лица, а 10 сообраќајки се со материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 21 возач кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се и 63 непрописно паркирани возила и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 94 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Денеска со почеток во 17:45 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА Лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и РК Цеље, Словенија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top