| четврток, 6 декември 2018 |

По серијата земјотреси во Италија: Најмалку двајца повредени

Најмалку двајца се повреди по серијата земјитреси кои вечерва се случија во Италија, јавуваат агенциите. Повредените се во градот Висо во покраината Мачерата.

Без струја е градот Кастелсентанџело на реката Нера, изјавил тамошниот градоначалник Муро Фалкучи.

Медиумите јавуваат дека треперењето на почвата уште не е смирено, а кај населнието во централниот дел на земјата се манифестираат страв, паника и вознемиреност. Оштетувања се пријавени во многу места кои беа погодени од земјотресот од 24-ти август, каде што веќе имаше разурнати или делумно оштетени објекти.

Вториот подземен удар со магнитуда од 6,2 степени по Рихтер е регистриран во централниот италијански регион Марке, исто така во а тресењето на земјата се чувствувало околу 20 секунди во центарот на италијанската престолнина Рим.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на последниот земјотрес, во 21,18 часот полокално време, чиј епицентар на длабочина од 8 километри во покраината Мачерата, изнесувала 5,9.

Претходно во средата вечерта во 19,11 часот беше регистриран земјотрес со магнитуда од 5,4 степени по Рихтер. Неговиот епицентар беше исто така во регионот Мачерата, во региона Марке.

Потресите биле почувствувани во неколку италијански региони, Умбрија, Лацио, Марке и Абруцо. Исто така, ги почувствувале и жителите на неколку големи италијански градови, како Рим, Фиренца, Перуџа и Аквила.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top