Најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ продолжува да биде еден од носителите на играта на турскиот гигант Фенербахче. Македонскиот интернационалец доби ново признание откако ја забележа својата 100. тројка реализирани на натпревар од најелитното кошаркарско клупско натпреварување во Европа.
Поранешниот капитен на сениорската кошаркарска репрезентација двапати реализира зад линијата 6.75 во првиот период на натпреварот против Жалгирис во рамки на Евролигата, а вториот реализиран шут од далечина беше и неговиот 100 во дрес од клуб кој се натпреварува во ова натпреварување. До крајот на мечот во кој победи Фенербахче со 82-68, Антиќ реализираше уште една тројка.
Ова е втора сезона за Македонецот во Фенербахче. Минатата сезона стигна до финалето, а двапати го има подигнато шампионскиот трофеј, како член на Олимпијакос (2012,2013)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.