Мајка и ја тепала, ја кубела за коса, и велела дека е бескорисна и ја нарекувала проститутка бидејќи на 14 години едно момче првпат ја бакнало во уста.
Ова е исповед на уметницата со светски глас и реноме Марина Абрамовиќ.
Таа како тинејџерка верувала дека е многу грда. Имала голем нос, многу мозолчиња, ужасна фризура, ортопедски чевли и очила со дебели стакла.
Некогаш неугледно девојче, денес уметничка икона и многу убава жена која наскоро ќе влезе во седмата деценија од животот. Своето растење таа го опишува во автобиографијата „Одење низ ѕидови“.
Книгата ја следет многу полемики, посебно оној дел во кој таа објаснува дека имала три абортуси бидејќи никогаш не сакала деца.
Како што изјавува во едно од ретките интервјуа „А зошто никој не го прашува Џорџ Клуни зошто нема деца?“.
Автобиографијата на Абрамовиќ е бескомпромисна исповед како и сите нејзини перформанси во кои животот и уметноста се во нераскинлива врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.