
Свеченото отворање и доделувањето на наградите на Остен Биенале на цртеж 2014 е закажано за 18–ти септември во галеријата Остен, додека отворањето на изложбата од селектираните автори на Биеналето на цртеж, е закано за следниот ден, во изложбениот салон на МАНУ.
Пристигнати се 1.416 дела, кои ги испратиле 474 уметници од 53 држави.
Марина Абрамовиќ од Црна Гора е добитник на Гран при наградата за животно остварување, додека Шпанецот Хуан Мирому ќе ја добие наградата за Светско културно наследство.
Тоа се двете главни награди на Биеналето, за кои одлучува Бордот на Остен во соработка со амбасадорите на Остен. Изложбата ќе трае до 12 октомври 2014.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


