| четврток, 6 декември 2018 |

Се сеќавате на Таркан?

Турската мегаѕвезда Таркан, кој пред 17 години замрзна негови сперматозоиди, е подготвен да стане татко, пишува турскиот весник „Ѓунеш“.

Пејачот донесе одлука да се обезбеди со зачувување на семена течност, откако се утврди дека има високо ниво на холесторол.

Сепак сега, 44-годишната ѕвезда реши да го искористи зачуваниот материјал.

Заедно со сопругата ќе го посетат Медицински центар за асистирана репродукција во Германија, каде ќе извршат вештачко оплодување.

Во мај Таркан склучи брак со Пинар Дилек, која е 13 години помлада од него, напоменува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top