Едно лице загина во сообраќајната незгода која се случи вчера во 18.45 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Горенци, охридско.
Според очевидец, до несреќата дошло кога непознато лице управувајќи со автомобил „БМВ“, удрило во пешакот Ќ.А. (74) од Охрид.
Во незгодата, на местото на настанот починала пешакот Ќ.А.. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.
За време на увидот, во периодот од 19.25 до 22.00 часот, сообраќајот бил физички регулиран со наизменично пропуштање на возилата по една сообраќајна лента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.