Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, се најде на списокот на селекторот на Аргентина, Едгардо Бауза, за претстојните квалификациски мечеви за СП 2018 против Бразил и против Колумбија. Откако ја надмина повредата на мускулот и се врати на терените во дресот на каталонскиот гигант, беше очекувано Бауза да го повика најдобриот аргентински фудбалер за значајните натпревари што претстојат во првата половина на ноември.
Без Меси во составот Аргентина успеа да победи само еден натпревар, па неговото враќање треба да биде од клучен карактер.
Бауза ги повика и Серхио Агуеро од Манчестер сити, како и Пауло Дибала и Гонзало Игуаин од Јувентус во навалната линија на „гаучосите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.