| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачките продолжија со навреди: Ти си будала, имаш IQ 73!

Расправиите помеѓу двете членки на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ не престануваат ни во новите епизоди на музичкото шоу.

По настапот на еден кандидат Јелена Карлеуша му рече дека тој пее добро, но никогаш нема да биде ѕвезда. На ова се спротиставила Вики Миљковиќ, која побарала од Карлеуша да му објасни како да стане ѕвезда.

– Ако ја слушаш Вики ќе бидеш ѕвезда како неа, ако ме слушаш мене ќе бидеш вистинска ѕвезда – рекла Карлеуша, по што настанала вистинска кавга.

Според сведоците, Миљковиќ како и секогаш се трудела да остане на ниво, но Карлеуша го употребила секој гнасен трик од ракавот.

– Вики испадна да не кажам глупава, ама непаметна. Извини ама твојот IQ е 73 – рекла Карлеуша, по што кавгата продолжила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top