| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе прости во име на љубовта – Гоца Тржан помина преку неверството

%d0%b3%d0%be%d1%86%d0%b0

Веста дека тапанарот Раша Новаковиќ ја изневерил својата 14 години постара сопруга Гоца Тржан одекна низ српските медиуми. Наводно, Раша бил „уловен“ со црнокоса девојка во раните 20-ти години, но популарната поп-пејачка нема намера да се разведе од него.

-Мојот сопруг е прекрасен и квалитетен човек, со кого живеам повеќе од пет години и имам голема доверба во него. Што и да биде, што и да се случи, остануваат нашите пет заеднички одлични години. Немам никаков проблем со тоа да уживам во тоа и се надевам дека нашата бајка ќе продолжи – изјави Гоца.

-Не знам дали тој е мојата животна љубов, но секако е човекот со кој заедничкото време најмногу ми годело. Тоа што го имаме ние двајца, не сум го делела со другите мои партнери- изјави Гоца, која дополни дека сме живи луѓе, грешиме и мораме да простиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top