Театар Комедија учествуваше на престижниот театарски фестивал „Црно Море“ – Трабзон, Република Турција со претставата „За секого има по една“ од Венко Андоновски. Фестивалот е во организација на “Државен театар – Трабзон“ и претставува еден од најпрестижните интернационални фестивали за театар, кој постои 14 години. Годинава фестивалотсе одржува од 2 до 15 мај, а Театар Комедија е првиот македонски театар кој учествува на овој фестивал. „За секого има по една“ ансамблот на Театарот ја одиграл два пати пред полна сала во Државниот театар на Трабзон, на 9 и 10 мај. Во претставата игра целиот ансамбл на Театар Комедија : Зорица Стојановска, Роберт Вељановски, Атанас Атанасовски, Филип Трајковиќ, Ердоан Максут, Роберт Ристов, Нина Деан, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски и Катерина Шехтанска-Лаковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


