-ВМРО-ДПМНЕ стои позади дадениот збор, ги реализира дадените ветувања и тоа изминатите десет години граѓаните многу добро го знаат тоа, а од друга страна пак знаат дека СДСМ нема кредибилитет да ветува затоа што многу пати досега ги има излажано граѓаните на Република Македонија. Една од тие лаги е и дека ќе отворат работно место во секое семејство, наместо тоа во 2005 година има историски највисока невработеност во нашата држава или пак над 38 проценти невработени лица, потенцираше Спасов.
Тој посочи и дека граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ изминатите десет години го даде максимумот во борба против невработеноста, отвори над 160.000 работни места и ја намали невработеноста на историски најмало ниво на 24 проценти.
-Ако во 2006 година во Скопје имаше околу 84.000 невработени лица веќе денес имаме околу 43.000 невработени лица, а тоа е за околу 49 проценти намалување на невработеноста само во градот Скопје што е огромен успех на политиките што ги реализираме изминатиов период за отворање на нови работни места. Позитивни ефекти имаме во секој сегмент од општественото живеење како што се порастот на платите, на пензиите, порастот на социјалната помош како и мерките за вработување кои ги даваат своите резултати. А токму поради сето ова ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие тие 63 пратеника, изјави Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски