| четврток, 6 декември 2018 |

Кловновите стануваат глобален проблем – во Австрија повредија три лица

%d0%ba%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd

Три лица се повредени во Австрија од напаѓачи облечени како кловнови. Момче (19) било нападнато од тројца мажи маскирани како кловнови, од кој едниот го удирал со бејзбол палка. Инцидентот се случил во градот Шваз во Тирол.

Во Мирцушлаг во Штаерска, 16-годишна девојка паднала во шахта, додека се обидувала да му побегне на напаѓач облечен како кловн. Девојката се здобила со сериозни повреди и е хоспитализирана.

Во градот Вилах од Корушка, пак, 16-годишна девојка била нападната додека џогирала од лице облечено како кловн. И таа е примена во болница.

Слични напади имаше и во САД, Велика Британија, Германија, Нов Зеланд и Австралија, но првпат се регистирани во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top